Комарец-преносител на вирусот на западнонилска треска/ Фото: МИА

Западнонилска треска се шири во Европа, над 20 луѓе се заразени во Грција

Најмалку 21 човек во Грција е заразен со западнонилска треска, а неколку случаи досега биле пријавени и во Македонија, Италија, Шпанија и во Романија, објави „Гр тајмс“.

Грчката национална организација за јавно здравје (ЕОДИ) соопшти дека 20 од заразените пациенти во земјата развиле тешки симптоми , меѓу кои енцефалитис, менингитис или парализа.

Во изминатата недела биле регистрирани 14 нови случаи, а 13 пациенти се на болничко лекување. Досега нема пријавени смртни случаи.

Најмногу случаи се регистрирани во областа Атика, меѓу другото во Спата-Артемида, Маркопуло, Вари, Коропи, Лаврио, Неа Јонија, Атина и во Глифада.

Во Србија 57 луѓе се заразени со западнонилска треска

Поединечни случаи се пријавени и во Лариса и во Палама.

Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни луѓе и луѓе со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации.

Вирусот се смета за ендемски во Грција од 2010 година, а неговото повторно појавување се очекува во летните месеци. Слична епидемиолошка состојба е забележана и во Италија, Македонија, Романија и во Шпанија.

ЕОДИ апелира до надлежните институции да продолжат со внимателно следење на состојбата и со систематска контрола на комарците, а граѓаните строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Прв случај на западнонилска треска годинава, велешанец е итно пренесен на лекување во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот