Фото: InterMiamiCF/x

Бускетс се врати во Барселона: Ова е мојот дом, клубот што ми даде сè

Легендарниот шпански фудбалер Серхио Бускетс и официјално повторно е дел од Барселона, но овојпат како член на стручниот штаб на каталонскиот клуб.

По завршувањето на играчката кариера, во која последните сезони ги мина во Интер Мајами заедно со својот долгогодишен пријател Лионел Меси, Бускетс реши да започне ново поглавје во фудбалот.

Во Барселона не чекаа долго да му понудат нова улога. Еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во историјата на фудбалот ќе биде дел од стручниот штаб на првиот тим, а понудата ја прифатил без двоумење.

Според шпанските медиуми, Бускетс ќе биде задолжен за тактичката подготовка на тимот, а посебен акцент ќе стави на индивидуалната работа со младите фудбалери од академијата „Ла Масија“, особено со оние кои настапуваат на неговата позиција.

„Враќањето дома секогаш е посебно чувство. Барселона е мојот живот и клубот што ми даде сè. Пренесувањето на моето искуство на новите генерации е предизвик на кој неизмерно му се радувам и едвај чекам да започнам со работа“, изјави Бускетс по потпишувањето на договорот.

Бускетс мина 15 години во првиот тим на Барселона, за кој одигра повеќе од 700 официјални натпревари. Во тој период постигна 18 голови, запиша 45 асистенции и освои дури 32 трофеи, меѓу кои девет титули во Ла Лига и три трофеи во Лигата на шампионите.

ВИДЕО | Прекрасен гест: Педро Поро го исполни детскиот сон и му го даде медалот од Мундијалот на својот дедо

ФОТО | Реал Мадрид за новата сезона ќе има и зелени дресови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот