Норвешка ќе го тужи Трамп поради поништениот црвен картон на Светското првенство
Фудбалскиот сојуз на Норвешка подготвува официјална жалба до Етичкиот комитет на ФИФА поради сомневања за политичко мешање во одлуките на светската фудбалска организација.
Препорачано
Случајот се однесува на суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, откако ФИФА за време на Светското првенство ја укина казната за напаѓачот на САД. Дополнителни реакции предизвика изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој јавно откри дека лично разговарал со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, за овој случај.
Претседателката на Норвешкиот фудбалски сојуз, Лисе Клавенес, жестоко го критикуваше ваквиот развој на настаните и најави дека нејзината организација ќе преземе конкретни чекори.
„Кога ќе ги прекршите правилата на ваков начин, влегувате на многу опасен терен што може да ја доведе во прашање веродостојноста на целата игра“, изјави Клавенес за британски „Тајмс“.
Според неа, ваквите ситуации можат сериозно да ги нарушат основните принципи врз кои се темели фудбалот, особено независноста на спортските институции од политичките влијанија.
Од Норвешкиот сојуз сметаат дека одлуката за Балогун била донесена под притисок на политички фактори, а Клавенес предупреди дека прилагодувањето на спортските одлуки според желбите на државни лидери може да создаде опасен преседан.
Таа нагласи дека обидите случајот да се стави во втор план нема да поминат незабележано, бидејќи фудбалерите, тренерите и навивачите можат да препознаат кога се загрозени основните вредности на играта.
Аргентинците тврдат дека ниту еден нивен член не бил уапсен по финалето на Светското првенство


