ВИДЕО | Крзнен нарко-доставувач фатен на дело — мачка се обидела да внесе дрога во затвор, ја спречило куче
Несекојдневен обид за шверц на дрога бил спречен во руски затвор, откако службениците откриле дека како „доставувач“ била искористена – мачка, пренесува „Еуроњуз“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инцидентот се случил во Поправната колонија број 17 во Нижни Новгород, каде што припадници на руската затворска служба забележале мачка која се приближувала кон објектот со необичен товар.
Според информациите на Федералната затворска служба на Русија (ФСИН), животното носело две импровизирани платнени јаки, во кои биле скриени недозволени супстанции наменети за затворениците.
Мачката била откриена пред да влезе во објектот
Затворските службеници навреме го забележале необичниот „доставувач“ и ја фатиле мачката пред таа да успее да влезе во кругот на колонијата. Јаките биле отстранети, а на местото пристигнал и ракувач со куче трагач.
Кучето по мирис потврдило дека во јаките се наоѓаат наркотични материи.
„Крзнениот престапник“ пуштен на слобода
Од ФСИН соопштиле дека мачката била ослободена откако било утврдено дека не е повредена.
Иако вакви случаи звучат како сцена од филм, руските власти и претходно пријавувале обиди за внесување забранети предмети во затворски објекти со помош на животни, но употребата на мачка како „нарко-доставувач“ е една од понеобичните тактики откриени досега.
ВИДЕО | Ова е најмалата мачка на планетата — изгледа како играчка, но таа е вешт предатор


