Оливија Родриго / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

ФОТО | Оливија Родриго има ново момче — поранешен хокеар кој денес е моќен финансиски играч од Волстрит

Се чини дека американската пејачка Оливија Родриго повторно е вљубена. Ѕвездата беше фотографирана во Њујорк со нов маж, по враќањето од патување на Исланд, а набргу беше откриено дека станува збор за Џулијан Кроненбергс, пишува „Пејџ сикс“.

Нејзиниот нов партнер во јавноста не е познат по шоу-бизнисот, туку по спортската и деловната кариера. Џулијан е поранешен хокеар кој денес работи во компанија за приватен капитал.

Кроненбергс студирал на Универзитетот Браун, а од 2018 до 2020 година бил дел од американската репрезентација во хокеј на трева. Освен тоа, зборува повеќе јазици, меѓу кои холандски и француски.

Деталите за тоа како се запознале Оливија и Џулијан сè уште не се познати, но се наведува дека неговата сестра Џејд работи во музичката и забавната индустрија.

Интересно е што новиот партнер на пејачката се појавува во период кога таа во своите песни отворено зборува за современите врски и разочарувањата во љубовниот живот.

Нејзиниот нов албум „Изгледаш прилично тажно за девојка која е толку вљубена“ (You Seem Pretty Sad for a Girl So in Love)во голем дел е посветен на врската и раскинувањето со британскиот актер Луис Партриџ, но една од песните се осврнува на нејзините искуства додека била сама.

Во песната таа пее за мажи кои на прв поглед изгледале совршено, но подоцна се покажало дека не се такви.

Особено внимание привлече стихот во кој вели дека нема да прифати маж со „лажна работа“.

Во интервју со музичкиот критичар Ентони Фантано, Родриго објасни дека под тој израз мислела на луѓе што ги сретнала во Лос Анџелес и Њујорк – деца на богати родители кои се претставуваат како продуценти, диџеи или креативни директори, иако реално не вложуваат многу труд во својата работа.

Според описот, Џулијан Кроненбергс не спаѓа во таа категорија, бидејќи има професионална кариера надвор од светот на забавата.

Оливија Родриго и Луис Партриџ раскинаа по две години врска: Пејачката се расплакала на забава во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот