Оливија Родриго и Луис Партриџ раскинаа по две години врска: Пејачката се расплакала на забава во Лондон
Американската пејачка Оливија Родриго и британскиот глумец Луис Партриџ, по две години заедно, ставија крај на својата љубовна врска, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Според извор близок до парот, последните неколку недели биле особено тешки за двајцата, па заеднички одлучиле дека во овој период е најдобро да тргнат по одделни патишта.
Наводно, Оливија била видно вознемирена поради раскинувањето и се расплакала на забава што ја организирала нејзината колешка Лили Ален во Лондон. Кога почнала да зборува за раскинувањето, емоциите ја совладале, а пријателите веднаш ѝ дале поддршка. Ситуацијата била многу тешка и тажна за неа.
Оливија Родриго и Луис Партриџ за првпат беа забележани заедно во јавноста во октомври 2023 година, кога ја прославиле Ноќта на вештерките во Лондон. Се запознале преку заеднички пријатели, по што почнале често да се допишуваат и брзо станале неразделни.
Во интервју дадено во септември оваа година, Партриџ истакна дека тој и Родриго се труделе својата врска да ја држат подалеку од јавноста и медиумското внимание.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
32мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


