Карим Адејеми/Barcelona FC

ВИДЕО | Барселона се пофали со нов голгетер

Барселона и официјално го комплетираше трансферот на германскиот репрезентативец Карим Адејеми, кој стана второто засилување на каталонскиот гигант во актуелниот летен преоден рок, по доаѓањето на Ентони Гордон од Њукасл.

Иако трансферот на Гордон беше во центарот на вниманието, во Барселона веруваат дека и ангажманот на Адејеми ќе има големо значење за тимот во новата сезона.

Напаѓачот пристигнува од Борусија Дортмунд, која одлучи да го продаде бидејќи неговиот договор истекуваше за една година, а тој не сакаше да ја продолжи соработката.

Според договорот меѓу двата клуба, Барселона ќе плати 22 милиони евра, а Борусија може да инкасира дополнителни седум милиони преку бонуси поврзани со настапите и учинокот на фудбалерот. Германскиот клуб обезбеди и 20 проценти од евентуалниот иден трансфер на Адејеми.

Германскиот репрезентативец стави потпис на договор со важност од пет години и се очекува да му понуди повеќе офанзивни решенија на тренерот Ханси Флик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот