Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Желбата на Германците се исполни — Јирген Клоп е нов тренер на фудбалската репрезентација

Јирген Клоп е новиот селектор на германската репрезентација. Она што се шпекулираше уште по елиминацијата на Германија од Светското првенство сега е потврдено, а Германската фудбалска асоцијација ќе го претстави Клоп на прес-конференција во петок во 11 часот.


Флоријан Плетенберг од германскиот „Скај“ ја потврди оваа информација и откри дека Клоп ќе потпише договор до 2030 година, што значи дека ќе добие четиригодишен циклус што ќе заврши со Светското првенство во 2030 година. Клоп го напушти Ливерпул во летото 2024 година по девет години на клупата. Тој се вработи како спортски директор во фудбалската организација на Ред Бул, но секогаш чекаше на овој повик од германската репрезентација.

Јулијан Нагелсман, претходникот на Клоп, беше селектор три години и беше отпуштен по предвремената елиминација од штотуку завршеното Светско првенство. Германија испадна од Парагвај во шеснаесеттинафиналето по изведувањето на пенали.

Нови проблеми за Манчестер сити, Родри ќе биде надвор од терените поради повреда на грбот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот