Гугл / Фото EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ЕУ планира да го казни „Гугл“ со милиони евра

Европската Унија се подготвува да ја казни компанијата Alphabet, сопственик на Google, со „висока троцифрена сума во милиони евра“ поради наводни прекршувања на правилата за конкуренција, објави германскиот весник Handelsblatt, повикувајќи се на извори во Европската комисија.

Одлуката за казната е во завршна фаза и се очекува да биде објавена пред летната пауза, а доколку биде потврдена, тоа би била највисоката санкција што ЕУ ја изрекла според Законот за дигитални пазари (Digital Markets Act – DMA), чија цел е ограничување на моќта на најголемите технолошки компании.

Истрагата против Google официјално започна во март 2025 година и се однесува на сомневањата дека компанијата ги фаворизира сопствените услуги во резултатите од пребарувањето, со што потенцијално им нанесува штета на конкурентите. Портпаролот на Европската комисија, Томас Рение, изјави дека приоритет е постигнување усогласеност со европските правила, но додаде дека Комисијата е подготвена да преземе дополнителни мерки доколку е потребно.

Од Google реагираа дека промените направени по барањата на DMA влијаеле негативно врз квалитетот на пребарувањето во Европа, но посочија дека компанијата е подготвена да продолжи со разговорите со европските власти за решавање на спорот.

Заборавете на класичното пребарување на „Гугл“ — ВИ ќе ви резервира хотели и ќе ви ги планира патувањата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот