Управа за финансиска полиција / Фото: МИА

Ортаци во фирма од Скопје затаиле 120.000 евра од државата, тврди Финансиската полиција

Финансиската полиција соопшти дека ќе гони двајца управители на фирма од Скопје, како и фирмата, поради тоа што наводно затаиле данок во износ од околу 120.000 евра во текот на неколку години.
Пријавата е поднесена против управителите М.Ш. и Ж.Р, а се работи за затајување во износ од 7.426.323 денари. Воедно, за да ги прикријат активностите, тие не поднеле завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот регистар, велат од Финансиската полиција.

„Пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари. Според наводите, за 2020 година поднеле даночен биланс за утврдување на данокот на добивка во кој искажале лажни податоци, а за 2021 и 2022 воопшто не поднеле даночни биланси за утврдување на данокот на добивка спротивно на сметководствената евиденција и искажаниот финансиски резултат во бруто-билансите на друштвото, од банкарските сметки на правното лице подигнале парични средства по разни основи и извршиле плаќања што не се поврзани со дејноста на правното лице, без да постои доказ во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост, а со намера да ги прикријат инкриминираните активности не поднеле завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот регистар на РСМ“, соопшти Финансиската полиција.

Скопјанка дала 2.500 евра за државна работа и ја измамиле, па пријавила во полиција

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот