Горан Трајковски кандидат за градоначалник на Кисела вода од СДСМ - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Горан Трајковски / фото: Слободен печат / Методи Здравев

И поранешниот директор на Пазарната инспекција Трајковски влегува во градежниот бизнис

Поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, кој беше и кандидат за градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ на последните локални избори, го проширува бизнисот и влегува во градежништвото, а веќе основал и компанија регистрирана за изградба на згради, пишува „Фактор“.

Семејниот бизнис на Трајковски досега беше увоз и дистрибуција на вилушкари од брендот „Стил“ преку фирмата „Штраус компани“. Но, поранешниот функционер од јуни е основач и на „Вентора холдинг“, фирма со дејност „изградба на згради“. Тој за „Фактор“ сепак вели дека не му е намерата да влегува во бизнисот со изградба на станови, туку на „објекти во кои ќе се остваруваат комерцијални активности“.

– Тоа е фирма со која прво ќе започнеме да градиме нов објект за сопствени потреби, а за понатаму ќе видиме какви ќе бидат амбициите, бидејќи кога се работи со недвижнини треба да се биде внимателен во калкулациите и да се чека трпеливо прав момент. Ако се оди во добар правец, понатаму би се занимавале со изградба на деловни објекти и конструкции, вели Трајковски.

Тој беше назначен за директор на Државниот пазарен инспекторат во декември 2022 година, а беше разрешен неполни две години подоцна, кога се смени власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот