ФОТО | Иванка Трамп пристигна со хеликоптер на финалето на Светското првенство и предизвика бура: „Кој ги плати билетите?“
Иванка Трамп предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи откако во неделата објави фотографии од финалето на Светското првенство во фудбал.
Препорачано
Постарата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп сподели фотографија со својата сестра Тифани на социјалните мрежи. Сестрите биле снимени на пат кон стадионот во Њу Џерси, каде што се играше финалето помеѓу Шпанија и Аргентина.
Next stop: World Cup ⚽️ pic.twitter.com/y9u9uQE6Nv
— Ivanka Trump (@IvankaTrump) July 19, 2026
„Следна станица: Светско првенство“, напишала таа покрај објавата.
Иванка објавила и снимка од својот татко во хеликоптерот „Марин Уан“ кој го надлетувал стадионот.
Incoming ! #fifaworldcup @FIFAcom pic.twitter.com/NKdfjiANC5
— Ivanka Trump (@IvankaTrump) July 19, 2026
Претходното видео што Иванка го сподели, на кое се гледа како пристигнува на натпреварот со хеликоптер, привлече уште поголемо внимание, што предизвикало уште поголемо негодување кај дел од јавноста.
На објавите се гледа атмосферата од стадионот, но наместо воодушевување, следеше лавина од негативни коментари.
Особено се покренале полемики околу тоа кој ги платил билетите, со оглед на тоа што цените за финалето на Светското првенство беа екстремно високи.
Многу корисници не штеделе зборови во критиките:
„Е, никому не му е грижа, сè што правиш е на сите да им го туркаш твоето елитно патување в лице додека луѓето се мачат да сврзат крај со крај. Навистина, оди по ѓаволите“, напишал еден корисник.
Во коментарите се нижеле и прашања за финансирањето на нејзиниот престој на натпреварот:
„Даночните обврзници го плаќаат твојот билет?“, „Само да кажеш дека си била таму. Сè уште не сфаќаш зошто сите те мразат“, пишувале под објавите.
Критики биле упатени и кон нејзиниот татко, Доналд Трамп:
„Никој не те сака тебе или него таму, твојот татко е светски срам“, гласел еден од коментарите.
И претходното појавување на Доналд Трамп на големи настани предизвика поделени реакции од јавноста, а оваа ситуација дополнително ја разгоре дискусијата на социјалните мрежи.
ВИДЕО | Toрес го скрши аргентинскиот бункер, Шпанија по продолженија до втора светска титула


