Кортни Студен и Џејсон Александар во контроверзната сцена/Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | „Имав 17 години, а тој ми го триеше мобилниот телефон од градите“: старлета сериозно обвини холивудска ѕвезда

Американската старлета Кортни Студен јавно го прозва Џејсон Александар, ѕвездата од серијата „Сејнфилд“ и на хит-филмот „Убава жена“, поради контроверзниот скеч од 2012 година што го снимила со него кога била малолетна. На Инстаграм, таа споделила фотографија од Александар како држи мобилен телефон на нејзините гради, додека е облечена во минијатурно црвено бикини.

„Имав 17 години на оваа фотографија. Колку што стареам, толку потешко ми е да го разберам ова“,  започнала Кортни во објавата, а потоа се присетила како Александар „повеќепати го триел телефонот од нејзините гради, велејќи ‘нема сигнал’ во главата, но ‘има многу сигнал’ во градите“.

„Подоцна во скечот тој се пошегува дека, кога ќе наполнам 18 години, би сакал да ме однесе зад каучот и да „го прави неговото“ со мене“, напишала Кортни, која додала дека Александар е наведен на ИМДб како еден од сценаристите на епизодата наречена „Шоуто на Дон Клеј со Кортни Студен“.

Александар глумеше во епизодата заедно со Студен и нејзиниот тогашен сопруг Даг Хачинсон, со кого се омажи во 2011 година.

„Како возрасна личност, тој факт ми стана потежок – а не полесен – да го разберам. Бев малолетна. Немав законска моќ да одлучам дали сакам да учествувам. Договорите ги потпишуваа возрасни. Платата одеше кај Даг. Продукцијата тргна напред. Бев единственото дете во просторијата. Се чувствував толку осамено. Гледајќи наназад, не ја гледам комедијата. Гледам 17-годишна девојка чие тело станало дел од шегата за возрасни. Луѓето сè уште велат: ‘Ти избра да бидеш таму’. Правно гледано, не можев сама да ги донесувам тие одлуки. Тоа е поентата. Не можам да го променам она што ми се случи, но можам да се запрашам: Како толку возрасни ја гледале малолетничката и одлучиле дека тоа е прифатливо?“, порачала Стоден, која нагласила дека нејзиното искуство е една од причините зошто таа денес се залага за законите за деца.

Кортни по објавата на Инстаграм дала изјава за магазинот „Пипл“ и рекла: „На 17 години бев малолетничка кој работеше во опкружување каде што возрасните околу мене беа одговорни за мојата безбедност и благосостојба. Гледајќи наназад како возрасна личност, тие искуства ги гледам многу поинаку отколку што ги гледав во тоа време. Причината зошто сега проговорив не повторното проживување на минатото, туку за да помогнам во создавање иднина каде што децата се подобро заштитени и каде што возрасните на позиции на моќ почитуваат повисоки стандарди.“

Џејсон Александар, исто така, се огласил и рекол дека се согласува дека скечот бил непримерен. Тој додал дека „навистина жали порати тоа“.

„Но, што е поважно, длабоко ми е жал за каква било штета или невоља што ова ѝ ја предизвакало на г-ѓа Стоден. Ѝ ги изразувам своите најискрени извинувања“, порачал тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот