Шпански доктор го напушти Реал Мадрид по пет години за да работи во Севиља
Екипата на Севиља се подготовките за новата сезона, а првото засилување не е фудбалер, туку важен член на стручниот персонал. Андалузискиот клуб официјално го назначи Фелипе Сегура за нов директор на медицинската служба.
Препорачано
Сегура во Севиља пристигнува од Реал Мадрид, каде што од 2021 година беше дел од медицинскиот тим на првата екипа. Во јуни годинава тој поднесе оставка, а сега ја продолжува кариерата во редовите на седумкратниот освојувач на Лигата на Европа.
Интересно е што позицијата директор на медицинската служба во Севиља во последните години често се менува. Претходникот на Сегура, доктор Антонио Трамуљас, беше назначен во јануари годинава, но го напушти клубот веднаш по завршувањето на сезоната.
Во официјалното соопштение, Севиља ги претстави квалификациите на својот нов соработник.
„Фелипе Сегура Ортиз е нов директор на медицинската служба на Севиља. Дипломирал медицина и хирургија на Универзитетот во Гранада, а специјализирал спортска медицина на Универзитетот во Малага. Има повеќе од три децении искуство во професионалниот фудбал, врвната кошарка и ургентната медицина. Во Севиља доаѓа од позицијата директор на медицинската служба на Реал Мадрид, каде што од 2021 година беше доктор на првиот тим“, соопшти клубот.


