Фото; МВР / скриншот

Тинејџер возел 211 километри на час на автопатот Скопје-Тетово

18-годишно момче, за кого МВР не соопштува никакви други податоци, возело автомобил со 211 километри на час на автопатот Скопје кон Тетово, по штоп полицијата го уапсила.

„Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат. При сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека И.А.(18), како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час“, велат од МВР додавајќи дека освен што возачот е уапсен, полицијата и привремено му го одзела автомобилот.

Пласничани тепале полицајци на Курикамења, сега ќе одговараат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот