Протести во Албанија / Фото: принтскрин/ Јутјуб/ WION

ВИДЕО | Хаос на протестите во Тирана: полицијата удри со водени топови и солзавец врз демонстрантите

Албанската полиција денеска во Тирана употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои пак фрлаа јајца и шишиња врз безбедносните сили, во една од низата демонстрации против проектот за изградба на луксузен комплекс на Џаред Кушнер – зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Ројтерс“.

Судирите кои избувнаа денеска пред парламентот, како што оценува „Ројтерс“, не беа честа појава за време на протестите што траат веќе два месеци во Тирана.

Полицијата употреби водени топови против стотици демонстранти кои удираа по оградите околу зградата на парламентот и скандираа против американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ти благодарам, Трамп, што нè обедини“, скандираа демонстрантите.

Кушнеровиот одморалиште и другите развојни проекти на јадранскиот брег на Албанија се силно поддржани од албанскиот премиер Еди Рама, кој тврди дека протестите не се автентични, туку се поттикнати од неговите политички противници.

Демонстрантите често изразуваат незадоволство од владата на Еди Рама, кого го обвинуваат за корупција и кражба на државен имот. Тие тврдат дека проектот на Кушнер на јадранскиот брег е резултат на корупција и ќе ги загрози животните во заштитеното мочуриште, каде што Кушнер сака да изгради луксузни хотели вредни милијарди долари. Протестното движење беше наречено „Револуција на фламинго“, по птиците што живеат во областа.

„Ројтерс“ неодамна објави дека албанските обвинители се сомневаат дека бизнисменот од Мајами, кој го продал земјиштето на одморалиштето на инвеститори поврзани со Кушнер, фалсификувал тапии за сопственост.

Бизнисменот, кој е обвинет за перење пари од шверцери на кокаин, ги негира обвиненијата, а инвеститорите изразуваат увереност дека продажбата на земјиштето е легална.

Кушнер, кој промовира план за одморалиште на недопрен брег, вели дека ја открил локацијата со својата сопруга Иванка Трамп додека биле на јахта.

Сепак, тој не го објавил проектот откако избувнаа протестите на 23 мај. Инвеститорите потврдија дека Кушнер е инвеститор, но не ја прецизираа неговата улога или колку пари инвестирал.

На изминатите протести учесниците бараа оставка од заменичката на Рама, Белинда Балуку, која ја обвинија за корупција. Балуку во меѓувреме беше заменета.

Нов протест одржан во Тирана, демонстрантите гневни зашто владата на Еди Рама дала 4 милиони евра за концертот на Канје Вест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот