Фото: КК Работнички

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија избра нов извршен директор

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, најавува нов почеток и амбициозен проект во која за нов извршен директор беше назначен Бранко Радевски кој доаѓа на местото на Горан Веселиновски.

Радевски е добро познато име во македонскиот спорт. Во минатото успешно ја извршуваше директорската функција во фудбалските клубови Вардар и Работнички, а во последните години беше директор на младинската академија на КК Работнички.

Од клубот најавуваат сериозни промени и долгорочен план за стабилизација. Во фокусот ќе бидат целосно финансиско консолидирање, подмирување на обврските, подобра организација и создавање тим кој ќе може рамноправно да се бори со актуелниот шампион МЗТ Скопје за домашните трофеи.

Покрај изборот на нов извршен директор, направени се промени и во Одборот на директори. Покрај Радевски, во новиот состав членуваат Димитар Трајчевски, Миле Илиевски, Јорго Костов и Александар Стојкоски, со цел да се обезбеди поефикасно функционирање и организациска стабилност на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот