Мета, Гугл - Фото: no, Credit line: Harun Ozalp / AFP / Profimedia

Тинејџер се откажа од тужбата против „Мета“, нема судење за зависност од социјалните мрежи

Тинејџерот од Флорида кој ги тужеше социјалните мрежи, тврдејќи дека станал зависен и претрпел психолошки штети од користењето на платформи како „Инстаграм“, официјално се откажа од тужбата против компанијата „Мета“. 15-годишниот тужител, во судските списи воведен под иницијалите Р.К.Ц., во изминатите неколку недели веќе постигна надсудски спогодби за истите обвинувања со платформите „ТикТок“, „Снапчет“ и „Јутјуб“.

Сите овие гиганти се дел од бранот масовни тужби во кои се обвинуваат за креирање зачудувачки зависни платформи кои им штетат на децата. Случајот на овој тинејџер требаше следната недела да излезе пред поротата во Лос Анџелес, но повлекувањето го прекина процесот.

Портпаролката на „Мета“ за „Би-би-си“ изјави дека обвинувањата биле неосновани и дека компанијата немала намера да попушти пред вакви тужби, додавајќи дека тужителот не добил никаков финансиски надомест за да се откаже од барањата.

Мета, Гугл – Фото: Ted Hsu / Alamy / Profimedia

„Завршува едно поглавје и се посветува на терапија“

Адвокатите на момчето, Емили Џефкот и Рахул Равипуди, истакнаа дека нивниот клиент влегол во целиот процес со желба да ги покаже штетните последици од социјалните мрежи и да издејствува заштита за своите врстници.

„Тој ја постигна својата цел. Поради грижата за должината на судскиот процес кој би траел со недели, тој беше подготвен да го затвори ова поглавје од животот, да се посвети на своето заздравување и терапија, стремејќи се кон нормален живот“, изјавија неговите правни застапници.

Тинејџерот тврдеше дека опциите како бесконечното скролање и автоматското пуштање видеа кај него создале компулсивно однесување, анксиозност и хронично неспиење.

Мета – Фото: Pexesl

Бранот тужби продолжува низ САД

Овој случај е само еден од стотиците слични што моментално се водат пред Врховниот суд во Лос Анџелес, каде што илјадници родители и училишта ги обвинуваат социјалните мрежи за нарушување на менталното здравје кај младите.

Мета, Јутјуб – Фото: Pexesl

Во претходен сличен процес, поротата веќе ги прогласи „Мета“ и „Јутјуб“ за одговорни за нарушување на менталното здравје на една девојка и им наложи да платат отштета од 6 милиони долари, што за првпат ги направи социјалните мрежи правно одговорни за влијанието врз своите корисници.

Следното големо судење од овој тип во САД е закажано за октомври.

Закерберг ги дуплира инвестициите во вештачка интелигенција, додека други се плашат од „балон“

„Мета“ се соочува со казна од 1,4 билиони долари ако се докаже дека „Фејсбук“ и „Инстаграм“ го нарушуваат менталното здравје на тинејџерите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот