ВИДЕО | Заложничка драма во банка во Германија — еден човек загина, уапсен е напаѓачот
Во заложничка драма што се случи денеска во банка во германскиот град Регенсбург почина маж, кој бил повреден додека траел инцидентот, пренесе Дојче веле.
Препорачано
Според информациите, човекот иако бил пренесен во болница, набрзо им подлегнал на повредите. Во попладневните часови на местото на настанот биле ангажирани силни полициски сили, вклучувајќи специјални единици и хеликоптер.
Nach einem Messerangriff in einer Bank in #Regensburg läuft derzeit ein Großeinsatz der Polizei. Eine Mann wurde getötet. Was über die Lage vor Ort bekannt ist.https://t.co/oCCv55mz6J pic.twitter.com/8pCeUUWt6D
— BR24 (@BR24) July 23, 2026
Полициската операција завршила со апсење на осомничениот, приближно три часа по првите пријави. Полицијата соопшти дека станува збор за 20-годишен германски државјанин, кој не бил повреден при апсењето.
Се верува дека тој дејствувал сам и бил вооружен со нож.
Подоцна, полицијата објави дека истрагата опфаќа убиство и обид за грабеж.
„Во зградата сè уште имаше две лица. Специјалните единици успеаја да ги извлечат на безбедно“, се наведува во полициското соопштение.
Според првичните информации, мотивот за нападот не бил познат, а напаѓачот не поставил никакви барања.
Продолжува полициската операција на терен.
Авион на „Пан Ам“ што се урнал пред 74 години е пронајден на дното на Атлантскиот Океан


