Белгиската принцеза Делфин - Фото: Polet Olivier/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Откако беше критикувана за храбриот стајлинг, белгиската принцеза објасни зошто направила таков избор

Белгиската принцеза Делфин откако беше критикувана поради модниот избор за време на прославата на Националниот ден на Белгија, одговарајќи директно на критиките кои се појавија на социјалните мрежи. 58-годишната принцеза им се придружи на останатите членови на кралското семејство на традиционалната парада одржана на 21 јули, каде привлече огромно внимание со краток розов фустан со длабоко деколте, драматични ракави и бели ракавици до лактите украсени со срциња, пишува „Пипл“.

По бранот коментари дека нејзиниот изглед бил премногу смел за кралски настан, таа за белгиските медиуми изјави:

„Розовата е едноставно моја боја. Таа зрачи со радост, задоволство и светлина. Празнична е, потполна спротивност од црната“.

Белгиската принцеза Делфин – Фото: Polet Olivier/ABACA / Abaca Press / Profimedia

„Фустанот не е ни доволно краток“

Одговарајќи на критиките за должината на нејзиното здолниште, кое драстично отскокнуваше од класичните и долги креации на останатите дами од кралското семејство, Делфин со доза на хумор порача:

„Не е ни доволно краток. Сега е вистинското време да го носам. За неколку години можеби веќе нема да биде можно, кога сè ќе почне да се опушта“.

Таа категорично ги отфрли обвинувањата дека нејзината намера била да го украде шоуто и да го привлече целото внимание кон себе.

„Мојата цел апсолутно не е да го свртам сето внимание кон себе или да му го украдам на некој друг. Секој привлекува внимание на свој начин. Кралот Филип, на пример, има четири прекрасни деца кои веднаш се истакнуваат затоа што се навистина прекрасни“, истакна принцезата, мислејќи на нејзиниот полубрат и неговото семејство.

Вонбрачната ќерка која се избори за своите права

Принцезата Делфин, која на настанот дојде придружувана од нејзиниот сопруг, американскиот бизнисмен Џејмс О’Хер, е позната по својот екстравагантен и храбар моден стил кој вклучува јарки бои, живи дезени и необични додатоци.

Таа ги посетува официјалните кралски настани од 2021 година, откако по долгогодишна правна битка и ДНК тест беше официјално потврдено дека е вонбрачна ќерка на поранешниот белгиски крал Алберт Втори. По судот, таа ги доби сите права да ја носи титулата принцеза.

Зборувајќи за односите со своето кралско семејство, Делфин претходно призна дека разбира оти ситуацијата е сложена за нејзините полубраќа и сестри, но истакна дека е среќна што конечно го има чувството дека има семејство за кое сонуваше цел живот.

Вонбрачната ќерка на Алберт Втори ги бара своите права и титули

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот