EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Вонбрачната ќерка на Алберт Втори ги бара своите права и титули

Вонбрачната ќерка на поранешниот белгиски крал Алберт Втори, уметницата Делфин Буел (52), на суд во Брисел ги бара истите права и титули како оние што ги имаат законски признаените деца на нејзиниот татко.

Адвокатот на поранешниот белгиски крал истакна дека Делфин може да ја добие посакуваната титула на принцеза исклучиво со кралски декрет, а не како што таа посакува, со судска одлука.

Делфин Буел со своите адвокати/Profimedia

Долго време негираше дека има четврто дете

Поранешниот белгиски крал Алберт Втори долги години го негираше постоењето на својата вонбрачна ќерка. Сепак, ваквото негово тврдење беше отфрлено откако на почетокот на оваа година, со ДНК-анализа, беше потврдено дека тој и Делфин се татко и ќерка и дека тој е нејзин биолошки родител.

Мајката на Делфин, бароницата Сибиле де Солис Лонгшамп, тврди дека била во врска со Алберт околу 18 години, пред тој да биде прогласен за крал.

Обидите да се постигне целта траат од 2013 година

Гласините околу тоа дека Алберт Втори има вонбрачно дете кое одбива да го признае, првпат во јавноста беа пласирани во 1999 година, во неавторизираната биографија на неговата сопруга Паола Руфо ди Калабрија.

Кралицара Паола и кралот Алберт Втори/Profimedia

Делфин Буел, пак, првпат јавно проговорила за своето крвно сродство со кралот во 2005 година за време на едно интервју. Но, таа не ги бараше своите права на суд сѐ до 2013 година, односно сѐ до мигот кога нејзиниот татко не се повлече од функцијата во корист на синот Филип. До тој миг, Алберт имаше имунитет и не беше во можност судски да се гони.

Казна од 5.000 евра

Кога конечно Делфин побарала властите да ѝ помогнат за да докаже дека е ќерка на Алберт, било наложено да се земе крв од двете страни и со помош на ДНК-анализа да се утврди крвното сродство. Но, дотогашниот крал одбивал секаков вид соработка, за што бил казнет со 5.000 евра.
Конечно во јануари годинава, 86-годишниот Алберт изјавил дека ја признава Делфин за своја ќерка, односно дека ја прифаќа за свое четврто биолошко дете.

Љубовната афера му била позната на белгиското општество долги години, но не било јасно дали таа е вистинита. Со соопштение е потврдено дека од 1967 до 1984 година, Алберт Втори, кој бил принц на Лиеж, имал омажена љубовница, со која во 1968 година добил дете. Документи докажуваат дека во истиот период тој подготвувал развод со неговата сопруга Фабиола.

Делфин Буел/Profimedia

Алберт Втори постојано ја посетувал својата вонбрачна ќерка сѐ до неговата 25-годишнина од бракот, кога ѝ ветил на сопругата дека ќе се раздели од љубовницата и десетгодишното дете, со што си го спасил.

Од 2001 година кралот ја прекинал врската со ќерката Делфин, која во 2013 година поднесе судска постапка за докажување на татковство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот