Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Обожава да биде гола — Хајди Клум топлес, голите гради ги покрила со чипс

Германскиот топ модел Хајди Клум (53) ужива на одморот на засега неоткриена тропска локација, а дел од атмосферата споделила и со своите следбеници на социјалните мрежи. Манекенката и водителка, која има 53 години, објави видео од капење во топлес, на кое во морето си игра со своето куче Фриц.

За опуштен ден на плажа, таа носела само долен дел од бикини со зебра дезен и голем сламен шешир. Со видеото накратко напишала „Конечно“, а нејзините следбеници ѝ оставиле бројни позитивни коментари. Потоа, Хајди објавила уште едно видео од плажата на кое јаде чипс топлес.

Клум неодамна зборувала за „ЈуЕс викли“ за тоа како нејзиното тело се променило со годинтие и признала дека повеќе ја нема истата телесна тежина како во помладите денови.

– Веќе не носам фармерки со број 24. Но, мислам дека изгледаме подобро со возраста кога не сме толку слаби – рекла манекенката.

Хајди додала дека нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулиц, бил првиот што ја забележал промената.

– Ми рече: „Треба да јадеш повеќе, ќе изгледаш подобро со малку повеќе облини“. Бев изненадена. Во оваа индустрија, никој никогаш не ти го кажува тоа бидејќи секогаш се очекува да бидеш послаб. Кога гледам стари фотографии, гледам дека бил во право. Со неколку килограми повеќе, изгледам попропорционално – рекла Хајди.

Супермоделот, исто така, открила ѝ дека најмногу ѝ се допаѓа времето поминато на плажа, подалеку од секојдневните одвлекувања на вниманието. Таа вели дека не ѝ требаат постојани содржини како поткасти, серии или музика за да се опушти.

 

– Знам дека на многу луѓе им е потребна постојана стимулација, поткасти, серии, филмови, музика, но јас обожавам само да гледам во небото. Тоа ме смирува. Сакам да носам танги, да пливам топлес, да чувствувам слобода во водата и едноставно да не правам ништо – рекла таа.

Додала дека го практикува овој начин на одмор на места каде што има доволно приватност.

– Секако, не го правам тоа пред многу луѓе во летувалиштата. Со сопругот секогаш изгледаме како германски туристи со торби и реквизити за плажа. Носиме чадори, столчиња, преносни ладилници и остануваме таму цел ден. Но, одиме километри по брегот додека не го најдеме нашето место. Тоа е најубавото чувство – рекла таа.

Во последните месеци, Клум ужива и во друштвото на своето ново куче, Фриц.

ФОТО+ВИДЕО | Непрепознатливи — Хајди Клум и Бед Бани ги поместија границите на Мет Гала со неверојатни трансформации

Хајди Клум и Кевин Харт ќе бидат водители на извлекувањето на ждрепките за СП во фудбал за 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот