Хајди Клум и Kевин Харт - Фото: Profimedia//EPA

Хајди Клум и Кевин Харт ќе бидат водители на извлекувањето на ждрепките за СП во фудбал за 2026

Познато е кои ќе ги водат ждрепките за групите на Светското фудбалско првенство 2026 година, кое ќе се одржи во петок, на 5 декември, во „John F. Kennedy Center for the Performing Arts“ во Вашингтон. Според соопштението на ФИФА, тоа ќе бидат германската супер-моделка и продуцентка Хајди Клум и американскиот комичар и актер Кевин Харт. Во програмата ќе учествува и актерот и продуцент Дени Рамирез, пренесува „Фокс спортс“.

„Да бидам повторно дел од завршните ждрепки, 20 години по моето учество на ждрепките во Германија, е навистина неверојатно“, изјави Клум. „Светското првенство го собира светот како ништо друго, а да бидам повторно дел од таа магија, на уште поголема сцена со три домаќини и 48 тимови, е огромна чест“, додаде таа.

Во живо, на отворањето ќе настапат Андреа Бочели, Роби Вилијамс, Никол Шерзингер и Village People.

Ждрепката за групите ќе започне во петок, 5 декември, во 18 часот по македонско време. Ден подоцна, на 6 декември, ФИФА ќе го објави и целиот распоред на натпревари, со доделени стадиони и време на почеток на секој меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот