Скопјанец долго го малтретирал таткото, велешанец ја удрил мајка си со стаклен предмет
Повеќе случаи на брутално семејно насилство се забележани во изминатиот ден, соопшти МВР. Во Скопје, на службен разговор е повикан 27-годишен жител на градот, кој бил пријавен дека подолго време психички го малтретирал сопствениот татко и им се заканувал на членови на семејството.
Препорачано
„На 22.07.2026 во 14:25 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Н.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период психички го малтретирал неговиот 54-годишен татко и притоа му упатувал закани нему и на неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.
Во друг случај, во Велес, уапсен е 42-годишен насилник, кој ја нападнал мајка си со стаклен предмет.
„На 22.07.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ш.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ја удрил со стаклен предмет. Д.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.


