Аква-парк, базен / Фото: принтскрин / Инстаграм / Аква-парк „Југово“

Голема трагедија во Србија — во аквапарк се удави петгодишно дете

Петгодишно дете се удавило во базен во аква-паркот „Југово“ во Смедерево, пренесуваат српските медиуми.

Трагичниот настан се случил во понеделникот, а според информациите, жена донела седум деца, меѓу кои и момчето кое се удави, а кое било син на нејзина пријателка. Брзата помош констатирала смрт кај детето. Сè уште не е познато како дошло до несреќата.

Очевидци на овој немил настан тврдат дека екипата на брзата помош пристигнала во аква-паркот кратко време по повикот и дека лекарите веднаш започнале со реанимација и вложиле максимални напори за да го спасат детето, но за жал, обидите биле неуспешни.

Удавеното дете го извлекол од базенот еден од посетителите, неофицијално дознава порталот Нова.

Трагедија во Хрватска: 8-годишно дете се удави во реката Драва, спасувачи го пронајдоа неговото тело по четиридневна потрага

Тој забележал дека детето плови и го извлекол.

„Детето го извлече човек кој беше гостин, немаше спасувачи. Собраните се обидоа да го оживеат детето, некој рече дека нема пулс. Кога пристигна брзата помош, момчето беше ставено во амбулантното возило, но ниту тие не можеа да го оживеат. Не е познато точно кој ја повика брзата помош, дали некој од вработените или некој од посетителите“ рекле сведоци на настанот.

Аква-паркот „Југово“ изрази сочувство за трагично загинатото дете и објави дека се затвора се до понатамошно известување:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AQUA PARK JUGOVO (@aquapark.jugovo)

Опасност со домашните базени — не го испуштајте детето од вид, може да се удави и во вода длабока само 20 см!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот