Љубиша Ристиќ / фото: Википедија

Познатиот, но и контроверзен режисер Љубиша Ристиќ на 79 години ќе го води белградското „Ателје 212“

Театарскиот режисер Љубиша Ристиќ, кој своевремено беше претседател на партијата на Мира Марковиќ и близок политички сојузник на Слободан Милошевиќ, ќе биде именуван за вршител на должноста директор на театарот „Ателје 212“, се наведува во документ од денешната седница на Собранието на Град Белград, во кој увид имала телевизијата „Н1“.

Како што се наведува во предлог-решението за именување в.д. директор на театарот, Љубиша Ристиќ ќе биде на оваа функција најдолго шест месеци.

Со Законот за главниот град е утврдено дека Собранието на Град Белград, чија седница се одржува денеска, ги именува и разрешува директорите на установите чиј основач е Градот.

„Н1“ контактирала со неколку актери од „Ателје 212“, но никој не сакал јавно да ја коментира одлуката за назначување на Ристиќ на чело на култната кулурна институција.

Љубиша Ристиќ е роден во 1947 година во Приштина. Студирал на Правниот факултет во Белград и режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Во 1977 година го основал КПГТ — „Казалиште, позориште, гледалишче, театар“, кој со години важел за најавангардниот театар во СФРЈ.

Десет години, од 1985 до 1995 година, раководел со Народниот театар „Непсинхаз“ во Суботица, со Српскиот народен театар во Нови Сад во сезоната 1989/1990 и со Градската установа за култура „Театар КПГТ“ во Белград, од нејзиното основање во март 2021 година до денес, се наведува во податоците содржани во решението.

Режирал во народните театри во Белград, Загреб, Љубљана, Скопје, Битола, Нови Сад, Сплит, Целје, Зрењанин, Суботица, Сомбор…

Колку е Србија навистина блиску до ЕУ?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот