Ервин „Еј-Џеј“ Џонсон Трети - Фото: Fresh / INSTAR Images / Profimedia

ФОТО | Синот на кошаркарската легенда Меџик Џонсон ужива на луксузна јахта на Јадранот

Синот на кошаркарската легенда Меџик Џонсон, 34-годишниот Ервин „Еј-Џеј“ Џонсон Трети, го минува летото на хрватското крајбрежје. По престојот во Дубровник, тој пристигна во Ровињ, каде што уште еднаш привлече огромно внимание кај јавноста и фоторепортерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EJ Johnson (@ejjohnson_)


Еј-Џеј Џонсон беше снимен во Истра во лежерен фустан комбиниран со големи очила за сонце.

Во Хрватска пристигна со луксузната суперјахта „Whisper“, со која деновиве плови низ Јадранското Море. Пред долаѓањето во Ровињ, тој престојуваше во Дубровник во друштво на своите родители, Меџик и Куки Џонсон, каде што исто така беше мета на фотографите поради неговиот впечатлив моден избор, кратки панталони во комбинација со чевли на висока потпетица.

Широката јавност го запозна 34-годишниот Џонсон преку реалното шоу „Rich Kids of Beverly Hills“, а денес тој работи како моден коментатор и препознатливо име на американската модна сцена.

Тој е познат по тоа што ги урива традиционалните правила за облекување, комбинирајќи елементи од машката и женската мода:

„Модата е мој начин на лично изразување и не сакам да се ограничувам со правила што не ми припаѓаат“, изјавуваше претходно Џонсон за својот автентичен стил.

ФОТО | Синот на Меџик Џонсон се појави во проѕирен фустан на Париската модна недела

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот