Гето Деца, ФИФА 2026 - Фото: Pedro Paulo Diaz / imago sportfotodienst / Profimedia

ВИДЕО | „Беше многу, многу добро“ — децата од Уганда го освоија светот танцувајќи со Шакира

Танчарска група од Уганда „Гето Деца“ (Ghetto Kids) прославува уште еден историски момент во својата кариера откако настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство во фудбал, кадо што ја делеше сцената со светските музички ѕвезди Шакира и Бурна Бој. Иако дел од критичарите го оспоруваа воведувањето на шоу во стилот на американскиот „Супербол“ на најголемиот фудбалски настан во светот, настапот на децата пред милионската публика ширум светот предизвика водушевување.

Во разговор за програмата, младите танчари и нивниот менаџер раскажаа за нивниот пат од скромните почетоци во главниот град на Уганда, Кампала, до светската слава, пишува „Би-би-си“.

„Бев толку среќна што го видов Меси и што луѓето нè гледаа нас. Бев возбудена, се смеев, а имав и малку трема. Шакира е многу љубезна“, изјави 11-годишната Џозефин, која заедно со 10-годишната Сиера го опиша целото искуство како „многу, многу, многу добро“.

Групата ја основаше нивниот менаџер Дауда Кавума, кој и самиот како дете живеел на улица, пред љубезноста на еден учител да му го промени животот. Кавума го создаде танцовиот ансамбл за да им помогне на децата без дом и на оние чии семејства не можеле да си дозволат образование.

Иако денес се светски познати, со настапи на „Britain’s Got Talent“, „America’s Got Talent“ и учество во спотот за глобалниот хит „Unforgettable“ на Френч Монтана, децата не го запоставиле училиштето. Видеата за социјалните мрежи ги снимаат за време на викендите, а додека патуваат, следат онлајн настава.

„Никогаш не се откажувајте … Молете му се на Бога, слушајте ги родителите и знајте дека образованието е на прво место“, порачува 10-годишната Сиера, која заедно со Џозефин планира еден ден да стане докторка, но да никогаш да не се откаже од танцувањето.

ФОТО+ВИДЕО | Фудбал, гламур и спектакл за паметење – планетарниот џет-сет го „украде шоуто“ на финалето на Светското првенство

ФОТО+ВИДЕО | Фудбал, гламур и спектакл за паметење – планетарниот џет-сет го „украде шоуто“ на финалето на Светското првенство

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот