Џон Бон Џови ненадејно го прекина концертот во Њујорк: „Зачувајте ги билетите, ќе најдам решение“
Џон Бон Џови ненадејно го прекина својот концерт во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, откако настапуваше околу 90 минути, оставајќи ги обожавателите изненадени.
Препорачано
Пред да ја напушти сцената, 64-годишниот рокер им порача на присутните да не ги фрлаат билетите, бидејќи планира повторно да го организира концертот.
„Не ги фрлајте билетите. Ќе најдам решение, не грижете се. Зачувајте ги, ќе смислам како повторно да го закажеме концертот“, им рече Бон Џови на фановите, кои го испратија со аплауз.
Тој додаде дека мора да направи пауза.
„Ќе морам да одморам една вечер. Се чувствувам добро, ќе се видиме повторно наскоро. Чао“, изјави музичарот.
@fourdoodles Jon Bon Jovi tells fans at the July 23 Madison Square Garden performance to “stay tuned” and he’ll make this up to us, following ending the performance early. The show could be rescheduled. #BonJovi #madisonsquaregarden #ForeverTour #JonBonJovi ♬ original sound – Melissssa
Според неговиот портпарол, Бон Џови во последните денови се бори со синусна инфекција, поради што бил принуден предвреме да го заврши настапот.
„Џон им објасни на фановите дека се бори со синусна инфекција, што доведе до предвремен крај на концертот. Наскоро ќе бидат објавени дополнителни информации“, соопшти претставник на пејачот.
Концертот беше осми од вкупно деветте распродадени настапи во рамките на турнејата „Форевер“, која го означува неговото враќање на сцената по четиригодишна пауза и операцијата на гласните жици.
Неодамна, Бон Џови изјави дека целосно се опоравил по сложената хируршка интервенција.
„Целосно сум закрепнат. Закрепнувањето траеше подолго отколку што очекував, но најважно беше сè да биде направено како што треба. Никогаш не ја изгубивме надежта“, рече тој.
Во текот на концертот, на сцената му се придружи и фронтменот на групата „Трејн“, Пат Монахан, со кого го изведоа легендарниот хит „Livin’ on a Prayer“ од 1986 година.
ФОТО | Џон Бон Џови го објави својот прв музички договор и откри колку бил платен


