Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини/Фото: ФФМ

Со гаранција од над еден милион евра, Сејдини од ФФМ излегува од притвор

Со гаранција од над еден милион евра, поранешниот претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини излегува од притвор во Шутка и ќе се брани од слобода, соопшти Кривичниот суд.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор. Истовремено, заради обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, Судот определи мерка на претпазливост – одземање на патната исправа – велат од Судот.

Сејдини заврши во притвор по предлог на скопското обвинителство кое отвори истрага против него за проневера во службата поради опасност од бегство и опасност дека ќе ја попречува истрагата. Притворот од 30 дена потоа му бил продолжен со решение на Кривичниот совет.

Утрово е уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Oд Судот објаснуваат дека Јавниот обвинител дал позитивно мислење за укинување на притворот откако Сејдини предложил гаранција.

-Судијата на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја прифати понудената гаранција, а со оглед дека против решението не беше изјавена жалба, истото стана правосилно, по што осомничениот е пуштен да се брани од слобода – соопштува Судот.

Сејдини е осомничен за кривично дело „проневера во службата“ за што Кривичниот законик предвидува казна од најмалку четири години затвор бидејќи станува збор за проневерена финансиска сума со износ кој надминува значителна имотна корист. Сумата изнесува 660 илјади евра, исплатена е во декември 2024 година како аванс на фирма за изградба на трибина на стадион во Охрид со средства добиени од УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот