фото: Screenshot/instagram.com/fcshkendija

Почнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига

Денеска со првиот натпревар од воведното коло меѓу Тиквеш и Арсими од 17.00 часот на стадионот во Кавадарци почнува новата сезона 2026/27 во Првата македонска фудбалска лига.

Титулата од минатата сезона ја брани Вардар кој својот прв меч ќе го има на домашен терен в сабота против Брегалница од Штип.

Скопските „црвено-црни“ летово настапуваат и на меѓународната сцена. Тие испратија барање нивниот натпревар од првото коло да биде одложен, но барањето не беше прифатено од Фудбалската федерација на Македонија.

Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем од 36. кола, што бара прецизно планирање и почитување на однапред утврдениот календар.

Истовремено, при неговата подготовка беше земен предвид и спортскиот аспект, односно принципот на одигрување натпревари во ритам четврток / недела / четврток за клубовите кои настапуваат во европските клупски натпреварувања, практика што се применува и во најголем дел од европските национални првенства.

Сезона 2026/27
Прва македонска фудбалска лига

1. коло, двојки

Петок
17.00 часот Тиквеш – Арсими

Сабота
17.00 часот Вардар – Брегалница
17.00 часот Струга Трим Лум – Шкендија Арачиново

Недела:
17.00 часот Силекс – Башкими
19.00 часот Шкендија – Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот