фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Гимараеш сè поблиску до Арсенал? Њукасл ја постави цената

Шампионот на Англија, Арсенал, го засили интересот за еден од најконзистентните играчи во Премиер лигата во последниве години – Бруно Гимараеш. Според извори од островот, бразилскиот интернационалец веќе му ставил до знаење на Њукасл дека сака да се пресели во северен Лондон.

Гимараеш во ноември полни 29 години, а за клубот кој штотуку го освои шампионскиот пехар, приоритет е токму засилување што има искуство во лигата и веднаш може да придонесе кон одбрана на круната, а не долгорочен проект.

За четири и пол сезони во Њукасл, Бразилецот собра 153 настапи во Премиер лигата и важи за еден од најкомплетните играчи во Англија. Тој спаѓа меѓу петтемина најдобри играчи во лигата и по освоени топки во дуели и по продорни додавања меѓу линиите на противникот, рамо до рамо со имиња како Жоао Палиња, Моисес Каиседо, Бруно Фернандеш и Мартин Одегард. Освен тоа, Гимараеш редовно бележи двоцифрен број голови и асистенции во последните три сезони, со вкупно 55 директни контрибуции за голови во дресот на „страчките“.

Зубименди значително падна во форма во вториот дел од сезоната поради умор, Деклан Рајс призна дека големата минутажа на Светското првенство му предизвикала невролошки проблеми во грбот и препоните, Норгард добиваше малку простор, а Мерино често беше префрлан во нападот. Гимараеш нуди решение за овие проблеми на Арсенал, како и разновидност – може да ги покрие сите позиции во средината на теренот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)


Финансиски, темата е комплицирана. Арсенал е подготвен да понуди пакет вреден над 80 милиони фунти со вклучени бонуси, но тоа претставува горна граница на нивниот буџет. Њукасл, пак, бара сума поблиску до 100 милиони фунти, повикувајќи се на трансферот на Сандро Тонали во Тотенхем како референца. Се очекува Арсенал да отвори со понуда од околу 70 милиони фунти и потоа да ја зголеми доколку биде одбиена, додека во Њукасл сметаат дека е потребна понуда од најмалку 80 милиони фунти за воопшто да седнат на маса за преговори. Според „Sky Sports“, официјална понуда сè уште нема пристигнато, засега Арсенал само преку посредници го сигнализирал интересот. Личните услови со играчот, наводно, веќе се договорени.

Ова лето веќе донесе едно разочарување за „топчиите“, откако првата желба на Артета, Морган Роџерс премина од Астон вила во Челси за 117 милиони фунти, иако Арсенал го проценувал на околу 80 милиони и верувал дека тоа ќе биде доволно. Затоа клубот сега дејствува поодлучно кон Гимараеш, свесен дека конкуренцијата на пазарот е жестока. Во меѓувреме, Арсенал паралелно работи и на засилување во одбраната – Езри Конса од Астон вила е приоритет, а се следи и играчот на Комо, Хакобо Рамон.

На другата страна, Њукасл ја гледа подолгорочната слика. Клубот гради помлад тим за тренерот Еди Хау со амбиција до 2030 година редовно да се бори за трофеи и да настапува во Европа, и е свесен дека разделбите со клучните играчи се неизбежен дел од тој процес.

Чуамени пред излезна врата од Реал, Манчестер јунајтед ја следи ситуацијата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот