Фото: mkd.basketball

Ѓорѓевиќ: Ќе се бориме за што е можно повисок пласман на Европското првенство

Македонската машка кошаркарска репрезентација „Под 18“ години денеска го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 25 јули до 3 август се одржува во Ријека и Опатија, Хрватска.

Нашите јуниори првиот предизвик го имаат против селекцијата на Грузија (20.30 часот), а капитенот Григориј Ѓорѓевиќ истакнува дека тимот е максимално подготвен за шампионатот и верува во успешен настап.

– Настапот на ова Европско првенство во Хрватска е привилегија и за мене, и за моите соиграчи. Голем предизвик е да бидеме дел од ова натпреварување и да играме против најдобрите кошаркари од земјите учеснички. Добро се подготвивме во периодот кој е зад нас и верувам дека сме подготвени за сите предизвици што нè очекуваат. Како тим сме обединети, имаме одлична атмосфера и добра хемија, а сите размислуваме само за успех. Ќе го дадеме својот максимум на секој натпревар и ќе се бориме за што е можно повисок пласман – вели капитенот на Македонија, Григориј Ѓорѓевиќ.

Покрај Македонија и Грузија, во групата „Д“ се и репрезентациите на Шведска, Босна и Херцеговина и Унгарија, а првите две селекции на табелата ќе обезбедат место во четвртфиналето на шампионатот.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – ДИВИЗИЈА „Б“ – „ПОД 18“-МАЖИ – РИЈЕКА И ОПАТИЈА 2026

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

ГРУПА Д

24. ЈУЛИ (ПЕТОК)

18.00: БиХ – Унгарија
20.30: Грузија – МАКЕДОНИЈА

Шведска – слободна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот