Бродот кој се судри со кејски ѕид на реката Дунав во Виена. Фото: Stadt Wien / Feuerwehr

ФОТО | Луксузен брод се заби во ѕид на реката Дунав во Виена — 14 патници се повредени

Драматичен настан утрово се случил на Дунав, кога луксузен брод за речни крстарења удрил во ѕид на кејот во австрискиот главен град Виена, објави „Хојте“.

Инцидентот се случил околу четири часот наутро, а силниот удар разбудил десетици патници.

Виенската противпожарна служба пристигнала со голем број спасувачи и најпрво провериле дали некој паднал во водата, а потоа ги евакуирале сите.

Бидејќи бродот се наоѓал неколку метри под нивото на ѕидот, пет луѓе биле извлечени на копно со помош на противпожарна скала, а двајца други биле пренесени до брегот со противпожарен чамец.

Фото: Град Виена / Противпожарна служба

Меѓу бројните патници бил и германски медицински техничар, кој им укажал помош на повредените пред да пристигне Итна медицинска помош.

Според портпаролот на спасувачката служба, Даниел Мелчер, вкупно 14 луѓе биле повредени, од кои шест морале да бидат пренесени во болница.

Останатите патници биле префрлени на друг брод за да го продолжат патувањето. Околностите под кои дошло до судирот сè уште се истражуваат.

Не е познато дали несреќата ја предизвикал технички дефект, човечка грешка или други околности.

Според информациите на „Хојте“, станува збор за луксузниот брод „МС Ана Катарина“. Пловилото е долго околу 135 метри и може да прими до 180 патници и 40 членови на екипажот.

Седумдневно крстарење по Дунав со овој брод чини околу 800 евра, во зависност од сезоната и од типот на сместувањето. Во петокот, бродот пловел по Дунав во правец на Германија.

Драма во близина на Сплит: се судрија катамаран и едрилица, има исчезнати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот