Фото: Општина Ѓорче Петров

Секое прваче во Ѓорче Петров ќе добие бесплатен ранец, ужинка и 3.000 денари

Општина Ѓорче Петров обезбедува бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година.

Секое прваче што од септември ќе го започне своето образование во некое од основните училишта во општина Ѓорќе Петров, од Општината ќе добие  бесплатен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование.

Првиот училишен ден е еден од најважните моменти во животот на секое дете. Наша обврска е да создадеме услови секое прваче безгрижно и со насмевка да зачекори во училишните клупи. Затоа, континуирано инвестираме во образованието и во мерки што им помагаат на децата и на нивните семејства – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

И годинава за секое прваче во Гази Баба, Општината дава по 3000 денари

Од Општината пак истакнуваат дека со оваа мерка ја потврдува својата посветеност кон создавање еднакви можности за сите ученици и обезбедување квалитетни услови за нивниот образовен развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот