Фото: „Слободен печат“ - Филип Николов

Општина Аеродром ги објави чекорите за обесштетување на погодените од невремето

По големото невреме што го зафати Скопје на 21 јули, Општина Аеродром започна постапка за обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети.

Како што претходно соопшти Дејан Митески, граѓаните што претрпеле штета треба да ја пријават во Полициската станица – Аеродром, за да се изготват записници и навремено да се евидентираат штетите.

Откако ќе им биде изготвен записникот, жителите на Аеродром кои претрпеле штети од невремето пак, имаат можност да пополнат образец за пријавување на штети. Како што соопштија од Општината, образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на овој линк.

Заедно со пополнетиот образец, кон барањето задолжително е да се приложат фотокопија од важечка лична карта или пасош, доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист), фотографии од локацијата по претрпената штета и записник од МВР за настанатата штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот