Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

И годинава за секое прваче во Гази Баба, Општината дава по 3000 денари

Општина Гази Баба и оваа година на секое семејство со запишано прваче во основно училиште ќе му додели по 3000 денари.

Сите семејства чии деца во септември за првпат ќе седнат во училишна клупа можат да ја искористат оваа можност и да поднесат барање за исплата до Општината.

При поднесување на барањето, како што информираат од Гази Баба, родителите треба да достават неколку потребни документи – потврда од основно училиште за запишан ученик, извод од матична книга на родени, копија од лична карта на еден од родителите и копија од трансакциска сметка.

Фото: Општина Гази Баба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот