Фото: Профимедиа

Девојче од Босна и Херцеговина почина по струен удар во куќата на бабата и дедото во Италија

Четиригодишно девојче од Босна и Херцеговина починало откако доживеало струен удар во куќата на своите баба и дедо во италијанското место Мота де Конти, објави „Дневни аваз“.

Според првичните информации од полицијата во Алесандрија, трагедијата се случила во неделата.

Девојчето било во куќата со своите браќа и сестри, без присуство на родителите. Тоа било итно пренесено во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

Италијанските власти ја истражуваат точната причина за смртта. Обдукцијата веќе е извршена, а обвинителството се сомнева дека за трагедијата можеби придонеле неизолирани електрични кабли во куќата.

Трагедија во Босна и Херцеговина: 19-годишно момче се удавило во базен

Семејството, кое потекнува од Босна и Херцеговина, се доселило во малото земјоделско место пред неколку месеци. Телото на девојчето ќе биде пренесено во Босна и Херцеговина, пренесуваат италијанските медиуми.

„Не знаеме многу за семејството, тука се доселија пред само три месеци. Сè беше мирно, се поздравувавме, но ништо повеќе – сите си ја гледаме својата работа, таков е животот во овој крај“, велат жители на Мота де Конти кои живеат во близина на куќата каде што се случила трагедијата.

Градоначалничката Емануела Кирчи, изрази сочувство до семејството.

„Штом дознавме за трагедијата, направивме сè што можевме за да му бидеме на семејството на располагање. Животот што штотуку почна беше прерано прекинат, оставајќи зад себе неизмерна болка и празнина што ниту еден збор не може да ја исполни. Во овие моменти на огромно страдање, целата заедница се обединува во тивка солидарност со семејството и ја споделува неговата болка“, изјави таа.

Србин починал од струен удар додека ја миел колата — кобни биле машината и влажната трева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот