Зулфиќар Зејнула Фото: Принтскрин

Собранието го избра Зулфиќар Зејнула за нов министер без ресор

Овој предлог е дел од една поширока политика што ја водиме од самиот почеток – политика на партнерство, меѓусебна доверба и преземање заедничка одговорност за иднината на државата, рече премиерот Мицкоски

Собранието со 67 гласа „за“, „13 против“ и без „воздржани“ го избра Зулфиќар Зејнула од Демократската партија на Турците за нов министер без ресор. Премиерот Христијан Мицкоски образложувајќи го предлогот зошто пратениците треба да гласаат за Зејнула за нов министер истакна дека зрелоста на Владата се гледа во  отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, како што истакна, кој од каде доаѓа, туку со доверба, со работа, со институции што функционираат и со луѓе што се подготвени да преземат одговорност кога е најтешко.

– Денеска, пред вас не барам поддршка само за еден кандидат, барам поддршка за принципот дека институциите треба да ги водат луѓе што може да понесат одговорност, да носат одлуки и да работат во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка или политичка припадност – рече Мицкоски.

Нашата држава, рече Мицкоски, денес има потреба од стабилност, од институции што функционираат, од луѓе што нема да ја трошат енергијата на политички пресметки, туку ќе ја вложат во решавање на проблемите на граѓаните.

– Токму затоа денес го предлагам Зулфиќар Зејнула за министер без ресор. Овој предлог е дел од една поширока политика што ја водиме од самиот почеток – политика на партнерство, меѓусебна доверба и преземање заедничка одговорност за иднината на државата. Тоа партнерство не се темели на поделби, туку на заедничка определба да се работи за интересите на сите граѓани. Верувам дека токму во ова се гледа зрелоста на една влада – да ги отвори институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат, да не прашува кој од каде доаѓа, туку со доверба, со работа, со институции што функционираат и со луѓе што се подготвени да преземат одговорност кога е најтешко – посочи Мицкоски.

Со изборот на министерот без ресор Мицкоски ја заокружи реконструкцијата на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот