Општински штаб за заштита и спасување, фото: Општина Куманово

Општина Куманово апелира станарите редовно да ги одржуваат зградите и навреме да пријавуваат опасности

По страшното невреме со оркански ветрови што ја зафати земјата, оставајќи зад себе огромни штети, Општина Куманово посочува дека одржувањето на станбените згради е обврска на сопствениците и управителите, а инспекциските служби постапуваат по секоја пријава за небезбедни делови од објектите.

Оттука, Општина Куманово апелира станарите редовно да ги одржуваат зградите и навреме да пријавуваат опасности.

Во Куманово се одржа и состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој беше упатен апел до сите жители на руралните средини, како и до органите на месните заедници, активно да се вклучат и самоорганизираат во процесот на санација од штетите на невремето.

Се препорачува ставање на располагање на сопствената механизација, моторни пили и соодветна опрема, со цел асистирање при отстранувањето и расчистувањето на паднати стебла, кои го блокираат локалниот патен правец и ја загрозуваат безбедноста во населените места.

„Се задолжува Комисијата за утврдување на потреба за сечење, односно кастрење на оштетено дрво при Општина Куманово итно да спроведе сеопфатен теренски увид на сите јавни површини, со цел детекција и заштитна проценка на стебла кои претставуваат непосредна опасност“, беше заклучено на Општинскиот штаб.

Воедно, штабот апелира до сите граѓани, доколку забележат стебла или конструкции на јавни и приватни површини кои се нестабилни и склони кон паѓање, без одложување да поднесат барање или пријава до надлежните општински служби на Општина Куманово.

Орканскиот ветер во Скопје сруши дрвја и покриви, но не и рекордот за најбрз ветер во Македонија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот