Фото: РФМ

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова има нов клуб во Полска

Македонската ракометарка Ивана Гакидова, која игра на позицијата пивот, од следната сезона ќе ги брани боите на нов полски клуб, Шчипјорно Калиш. За овој клуб настапува уште една Македонка, голманката Драгана Петковска.

Гакидова минатата сезона во Полска настапуваше КПР Комуна Кобјержице во Женската Супер лига ОРЛЕН.

Ги освои македонското и чешкото првенство и куп, освои бронзен медал во Лигата на шампионите, а во сезоната 2022/2023 дојде до пехарот во Европскиот куп на ЕХФ со турскиот Коњалти Спорт. Таа исто така играше во норвешката, француската и романската лига.

– Многу сум среќна што ја продолжувам кариерата во Калиш и што се приклучувам на овој тим. Подготвена сум за нови предизвици и ќе направам сè што можам за да му помогнам на тимот да ги постигне најдобрите можни резултати. Едвај чекам да се сретнам со навивачите и се надевам дека заедно ќе имаме многу причини да славиме оваа сезона – вели Гакидова.

Покрај Гакидова и Петковска, во најдоброто женско ракометно првенство на Полска ќе играат уште три Македонки, Марија Гугуљанова во Пјотрковија, како и Јована Кипријановска и Ивана Арсениевска во Старт Елблаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот