Стевковски: Да ги исполниме задачите на стручниот штаб за успешен старт на Тиквеш
Со натпреварот Тиквеш – Арсими денеска од 17.00 часот ќе стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во Кавадарци домашниот тим сака со триумф да ја стартува новата сезона, во која има амбиции за што подобар пласман на прволигашката табела.
Кавадарчани со ново раководство, нов стручен штаб и доста промени во играчкиот кадар брка стартни три бода.
Не го потценуваат противникот, но од таборот на Тиквеш веруваат дека со помош на домашниот терен и публиката ќе дојдат до целта.
– Поминавме одлични подготовки, каде игравме со тешки противници и имавме шанса да видиме каде треба да се поправам, а каде сме добри. Првенството сега почнува побрзо од минатите години, и тие грешки не смеат да се повторуваат затоа што целта наша на секој натпревар ќе биде да одиме на победа и што е можно на повисок пласман на крајот на сезоната. Првото коло е најтешко, без разлика на противникот. Но, мислам дека доколку играме дисциплинирано и ги исполниме задачите од нашиот стручен штаб, ќе стигнеме до победа и на најдобар начин ќе ја стартуваме сезоната. Арсими има добра екипа која заслужува почит. Тоа го покажа минатата сезона и очекувам тврд натпревар како за прво коло, и нијанси да одлучуваат. Верувам дека со поддршката на нашите навивачи ќе се израдуваме на победа – изјави голманот на Тиквеш, Христијан Стевковски.


