Австралискиот репрезентативец Волпато падна на тест за кокаин откако двапати во иста вечер беше запрен за брзо возење
Поранешниот напаѓач на Рома, а сега играч на Сасуоло, Кристијан Волпато, се најде во центарот на голем скандал откако полицијата во Сиднеј го сопрела двапати во иста ноќ поради брзо возење.
Препорачано
Дваесет и две годишниот фудбалер, кој одигра три натпревари на Светското првенство за Австралија, бил запрен на мостот Анзак откако возел со околу 109 км/ч, во зона со ограничување од 60 км/ч, пренесува „Гардијан“.
Според извештаите, при првото сопирање во 23:05 часот, алкотестот бил негативен. Но, полицијата го сопрела повторно, два часа подоцна, во истата област, а тестот на плунка за присуство на дрога покажал присуство на кокаин во неговиот организам.
Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека на играчот му е издадена казна за прекршок поради пребрзо возење, а меѓународната возачка дозвола му е суспендирана за шест месеци. Земен е и втор примерок од орална течност за дополнителна анализа.
#Sassuolo’s winger Cristian #Volpato has allegedly tested positive for cocaine while driving in Sydney as reported ABC News. The 22-year-old was stopped in a BMW coupe about 1am today, allegedly travelling 109 kilometres an hour on the Anzac Bridge, a 60km/h zone pic.twitter.com/stzHvDuGt9
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 24, 2026
Според политиката за дрога на Фудбалската асоцијација на Австралија, играчите и службените лица можат да бидат суспендирани до четири години доколку тестирањето покаже позитивен резултат на забранета супстанција употребена за рекреативни, а не за цели на подобрување на спортските перформанси.
Доколку добие казна од три месеци, Волпато сепак би можел да настапи на Азискиот куп во 2027 година, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Сепак, инцидентот остава трага врз репутацијата на играчот токму во моментот кога требаше да ужива во бранот на популарност по настапите на Светското првенство, а конечната одлука сега е во рацете на дисциплинските органи на ФАА.
Таборот на Волпато сè уште не одговорил на барањето за коментар.
Николас Отаменди со емотивна порака се прости од дресот на Аргентина


