Пошта / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Македонска пошта: Работата е нормализирана, дефектот бил поради невремето

Од Македонска пошта стигна известување дека работата е нормализрана, но не како соопштение, туку како реакција на критиките на Димитар Апасиев во однос на нејзиното работење. Проблемот сега го лоцира во невремето.

„Кога Димитар Апасиев нема факти, прибегнува кон лаги, навреди и евтин популизам. Да, Поштата три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено. Наместо да покаже елементарно разбирање за вонредна состојба, Апасиев избра да шири дезинформации, да навредува илјадници вработени и да собира политички поени врз грбот на институцијата. ЈП „Пошта на Северна Македонија“ нема да биде заложник на нечии политички фрустрации. Граѓаните заслужуваат факти, а не измислици и евтини политички претстави“, пшува во објавата на Пошта на нејзиниот фејсбук-профил.

Вчера Поштаta информираше дека проблем има дефект во софтверската инфраструктура:

„АД Пошта на Северна Македонија ја информира јавноста дека е точно оти веќе три дена информатичкиот систем на компанијата не е во функција поради дефект на серверската инфраструктура. Во овој момент причините за дефектот сè уште не се познати и не може да се тврди дека истиот е настанат како последица на невремето или од која било друга конкретна причина. По целосното нормализирање на системот ќе биде спроведена детална анализа за утврдување на причините за настанатиот дефект“, напишаа од Пошта, исто така на Фејсбук.

Во моментов не работи официјалната веб-страница на Поштата.

Македонска пошта не работи: Проблемот е во дефектот или во децениската неодговорност?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот