Фото: Архива на „Слободен печат“

Радовишанец повеќе од една година живеел со девојче и го силувал

Злоставувач од Радовишко бил уапсен бидејќи повеќе од една година живеел со девојче и неколкупати го силувал.

„Во текот на 2025 г., па до 23.07.2026 г., во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот, на 26-годишна возраст, добил две кривични пријави за „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон.

Радовишката полиција го лишила од слобода, а тој денес ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.

Уапсен 62-годишен маж од Струмичко, осомничен дека силувал дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот