Фото: KF Arsimi

Арсими посакува да ја отвори новата сезона со победа во Кавадарци

Арсими новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе ја започне со гостување кај Тиквеш во Кавадарци. Натпреварот ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, а почетокот е закажан за 17.00 часот. По успешното деби во елитното друштво, тимот во својата втора сезона меѓу најдобрите влегува со јасна цел, пласман во горниот дел од табелата.

Во пресрет на првиот натпревар, тренерот на Арсими, Вилдан Салиу, изрази задоволство од сработеното во подготвителниот период.

– По неколку недели интензивни подготовки можам да кажам дека сме задоволни од начинот на кој помина пред сезонската фаза. Играчите работеа максимално посветено на секој тренинг, покажувајќи дисциплина, професионализам и желба секојдневно да напредуваат – изјави Салиу.

Арсими во текот на подготовките одигра и повеќе пријателски натпревари, кои му послужија на стручниот штаб за тестирање на тактичките замисли и за подобрување на воигрувањето на тимот. Салиу нагласи дека целиот тим е максимално фокусиран на стартниот дуел против Тиквеш.

– Резултатите од овие натпревари беа важни, но уште поважен беше напредокот што тимот го покажа од ден на ден. Секако, има уште сегменти во кои можеме да се подобриме, но тоа е нормално на почетокот од сезоната“, додаде шефот на стручниот штаб на гостиварци. Нашиот фокус сега е целосно насочен кон отворањето на сезоната против Тиквеш во Кавадарци. Максимално го респектираме противникот и знаеме дека нè очекува тежок натпревар, но имаме доверба во работата што ја направивме во овој период. Верувам дека екипата е подготвена физички, тактички и психолошки за да ја започне сезоната на најдобар можен начин – вели Салиу.

На крајот Салиу порача дека Арсими ќе даде максимум за достоинствено да ги претставува клубот и навивачите.

Ќе го дадеме нашиот максимум на теренот за достоинствено да ги претставуваме клубот, градот и нашите навивачи. Се надеваме дека со посветеност, карактер и натпреварувачки дух ќе оствариме позитивен резултат во Кавадарци и ќе ја започнеме сезоната со победнички чекор. Арсими во новата сезона сака да го продолжи својот развој и да се наметне како еден од сериозните кандидати за место во горниот дел од табелата во ПМФЛ – се зборовите на тренерот на Арсими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот