По четири месеци пауза поради повреда, Карлос Алкараз се враќа на терените
Со преселбата на тениската сезона на американско тло и почетокот на првиот турнир на тврда подлога во Вашингтон, вниманието на целата тениска јавност е свртено кон еден единствен играч: Карлос Алкараз. Шпанецот ги пропушти и Отвореното првенство на Франција и Вимблдон, а сè повеќе сигнали укажуваат дека би можел да се појави на терените во САД дури и порано од очекуваното.
Препорачано
Дваесет и тригодишниот тенисер и освојувачот на седум Гренд слем титули нема одиграно официјален натпревар од април откако ја повреди десната рака на Отвореното првенство во Барселона.
И покрај тоа што опоравувањето тече во добра насока, Алкараз и неговиот стручен штаб останаа претпазливи, со јасна намера да не се ризикува остатокот од сезоната заради прерано враќање.
Според најавите, светскиот број три би требало да патува на Мастерсот во Синсинати следниот месец. Се очекува да настапи и на Отвореното првенство на САД, каде што веќе се најде на списокот на пријавени играчи.
According to @el_pais, Alcaraz will soon stop using the indoor court and start practicing outdoors at @clubcampomurcia 🎾
If all goes well, he will travel to the US for Cincy and the US Open, with the first as a test. He has already received the official balls to use in practice pic.twitter.com/d6blixfj57
— Alcaraz Updates🐝 (@alcarazzupdates) July 24, 2026
Во моментов, Алкараз тренира на теренот во родната Мурсија, но според извештаите од шпанските медиуми, интензитетот на тие тренинзи сè уште е релативно низок. Неговиот тим внимателно го следи секој чекор од рехабилитацијата, со надеж дека до август целосно ќе ја надмине повредата.
По четиримесечна пауза, Мастерсот во Синсинати сè уште се смета за најверојатна прилика Алкараз официјално да се врати во конкуренцијата пред стартот на Отвореното првенство на САД. Патувањето во Охајо, сепак, само по себе не значи и гарантирано учество на турнирот – одлуката ќе зависи од тоа како ќе реагира неговото тело на поинтензивните тренинзи во наредните недели.
“The desire is there, but until training intensity increases and the joint’s response under real competitive demands is medically assessed, Alcaraz and his team won’t be able to draw any firm conclusions. The principle is non-negotiable: no rushing.”
[via @el_pais] pic.twitter.com/c6MRMQbm6z
— Carlos Alcaraz Daily (@alcarazdaily) July 24, 2026
Угледниот шпански весник „Ла Вердад“ пренесува дека Алкараз би играл во Синсинати единствено со цел да добие натпреварувачки ритам, дури и ако не биде стопроцентно физички подготвен.
И покрај несигурноста околу конкретниот датум на враќање, секој ден носи сè повеќе позитивни сигнали дека Шпанецот ќе биде подготвен за делот од сезоната на тврда подлога, каде што ќе го пречека сериозна конкуренција.


