Амар Мециновиќ, фото: принтскрин од видео на Левица

По загадувањето на водата во Гостивар, Левица бара сите стратешки објекти да ги чува Армијата

„Последните случувања се алармантни – по загадувањето на водата во Гостивар и откако видовме колку е лесен пристапот до овие системи за водоснабдување. Ова е јасен сигнал дека државата не се однесува доволно сериозно кон своите стратешки објекти“, рече Мециновиќ.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието одржа прес-конференција на која најави дека се изготвува нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, опоцизиската партија бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Македонија, во координација со другите надлежни институции.

„Со законот државата конечно ќе почне да се однесува кон своите стратешки капацитети како капацитети и системи кои се прашање од национална безбедност, а не како административна формалност“, истакна Мециновиќ.

Осврнувајќи се на неодамнешните инциденти во повеќе градови, Мециновиќ посочи дека тие ја покажале сериозната ранливост на критичната инфраструктура во државата.

„Последните случувања се алармантни – по загадувањето на водата во Гостивар и откако видовме колку е лесен пристапот до овие системи за водоснабдување. Ова е јасен сигнал дека државата не се однесува доволно сериозно кон своите стратешки објекти. Зборуваме за системски пропусти кои директно ги загрозуваат здравјето, безбедноста и довербата на граѓаните во институциите“, нагласи тој.

Мециновиќ рече дека водоснабдителните системи, браните, енергетските капацитети, комуникациските центри и останатите стратешки објекти претставуваат критична инфраструктура чија заштита мора да биде третирана како прашање од национална безбедност.

„Армијата е единствената институција која располага со потребната организација, дисциплина, обучен кадар и капацитет за континуирано обезбедување на овие објекти во време на сè поголеми безбедносни ризици, хибридни напади, климатски промени, но и деградација на условите за живот во Република Македонија“, рече Мециновиќ.

На крајот, тој упати повик до сите пратенички групи да го поддржат предложеното законско решение.

„Мислам дека на сите ни е јасно дека не смееме да стравуваме кога ќе ја пуштиме чешмата со вода дали ќе бидеме затруени. Тоа покажува дека во Македонија е преминат секој последен аларм за дејствување. Затоа ги повикуваме сите пратенички групи да го поддржат ова законско решение. Време е Македонија да ја сфати критичната инфраструктура како прашање на национален суверенитет и национална безбедност“, заклучи Мециновиќ.

Спорните извештаи за водата во Гостивар под лупа на Обвинителството – директорот на ЦЈЗ Тетово не верува дека направиле пропуст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот