Борбен авион „Ф-16“ / Фото: EPA-EFE/GRZEGORZ MICHALOWSKI

Дрон влезе во романскиот воздушен простор, соборен е од „Ф-16“

Романски борбен авион „Ф-16“ собори дрон кој влегол во воздушниот простор на земјата, изјави романскиот претседател Никусор Дан, што е најновото нарушување на воздушниот простор на членка на НАТО, јави Ројтерс.

„Утрово околу 11 часот, романски пилот во авион Ф-16 собори дрон кој влегол во воздушниот простор на нашата земја“, напиша Дан на платформата за социјални медиуми Икс.

Областа беше ненаселена, па пилотот можеше да го собори без никаков ризик. Тимови од надлежните институции моментално го пребаруваат подрачјето за да ги утврдат сите детали за инцидентот, додаде тој.

Претседателот не го прецизираше потеклото на дронот.

Романското Министерство за одбрана соопшти дека леталото е соборено во близина на Падина во источниот регион Бузау.

Воздушниот простор на Романија, членка на НАТО и Европската Унија, која дели копнена граница од 650 километри со Украина, постојано е нарушен од руски беспилотни летала откако Москва почна да напаѓа украински пристаништа како дел од својата инвазија започната во 2022 година.

Еден дрон се урна во станбена зграда кон крајот на мај, при што беа повредени две лица, првпат густо населена област на земја членка на НАТО да биде погодена и да бидат предизвикани повреди за време на војната на Русија во Украина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот