Фото: Град Скопје

Градот утре организира бесплатна панорамска тура — ги повика граѓаните да дознаат какво било Скопје пред земјотресот

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, од Градот информираат дека утре се организира бесплатен панорамски разглед на Скопје.

Турата е со панорамски автобус, каде преку стручен туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, заинтересираните граѓани, како што велат од Градот, ќе имаат можност де го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да слушнат приказни за објектите што биле разрушени, како и за локациите што тогаш го обликувале изгледот на градот.

Настанот ќе се одржи утре, а поаѓањето ќе биде во 10:00 часот од Порта „Македонија“. Заинтересираните граѓани можат да се пријават на телефонскиот број +389 71 250 419.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот